На лицата кои влегуваат во Бугарија од земјите од „црвената зона“ им се бара ПЦР тест заради можно пренесување на Ковид-19.

Главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, изјави дека доколку на пограничните власти не им се достави негативен тест, направен до 72 часа пред влезот во Бугарија, лицата ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.

Кунчев истакна дека има многу висока инциденца на корона вирусната инфекција во Велика Британија, Кипар, Шпанија, како и во Португалија, а рапидно се зголемува и бројот на заразени во Холандија.

Бугарија се очекува да го зголеми процентот на заразени со индиската верзија на Ковид-19. Земјата е во најдобра ситуација, која веројатно ќе продолжи и натаму во следните една до две недели. Бројот на заразени ќе продолжи да расте доколку има низок процент на вакцинирани – изјави Кунчев.

Обезбедени се уште уреди за читање QR кодови на границите, но граничните премини и аеродромите ќе бидат пооптоварени и голем проток на патници се очекува преку граничните премини Кулата, Капетан Андреево и Калотина.

Со цел да се олесни граничната здравствена контрола, се очекува Бугарија да добие брзи тестови и антиген тестови во вредност од 1,6 милиона евра, додаде Кунчев и објасни дека земјата испратила барање до ЕК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.