Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото од 1 јануари 2024 година.

Од бугарската национална банка и министерството за финансии на Бугарија, соопштија дека воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица.

Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. По воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање.

Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на еврозоната

Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Република Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.