Турското Министерство за здравство е подготвено да администрира повеќе од еден милион дози вакцини против Ковид-19 дневно.

Како што објави „Си-Ен-Ен-Турк“, вакцините може да се даваат во 1.500 јавни и приватни болници, како и во многу мали клиники.

Досега, во Турција се вакцинирани повеќе од 28 милиони луѓе. Кампањата за вакцинација почна во јануари. Во земјата се вакцинира со „Синовак“ и „Фајзер/Бионтек“. Наскоро се очекуваат и испораки на руската вакцина „Спутник В“.

Вкупниот број на вакцинирани во земјата во јуни се очекува да достигне 50 милиони, а кампањата ќе продолжи во јули и август.

Според „Си-Ен-Ен-Турк“, 85 проценти од Турците постари од 65 години веќе се имунизирани. Во исто време, интересот на младите за вакцинација е многу помал, но здравствените власти планираат да формираат специјални тимови за да ги убедат младите во придобивките од вакцините против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.