Провокација на Македонците како што тврдат грчките медиуми или пак операција на грчките служби за безбедност која има за цел да се предизвика негативен имиџ за македонското малцинство во оваа земја.
Како што пренесува Star.gr, деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес, Егејска Македонија со содржина која повикува на Автономија на Егејска Македонија во Грција.
Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.
Веста за летоците прв ја објави весникот Илинден на Македонците во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.