Четирикратно убиство се случи попладнево околу 14.30 часот во Лесковац, Србија.

Меѓу жртвите се маж, неговата ќерка (19), која била трудна, вонбрачната сопруга на мажот и нејзиното дете на возраст од 12 години.

Според полицијата, убиството го извршил синот на мажот, на возраст од 22 години, кој се лекувал во психијатриска болница.

Соседите не слушнале ништо.

Но, полицаец кој бил на увид вели дека било грозоморно.

Имено, убиствата се извршени со секира. Соседите велат дека се работи за мирно семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.