Познатиот холивудски актер Леонардо ди Каприо, во рамки на кампањата што ја води за заштита на акбанската река Вјоса, упати апел до албанските политичари да се откажат од изградба на хироелектрана и ова подрачје да биде прогласено за Национален парк.

Преку објава на социјалните мрежи, Ди Каприо порача дека Вјоса е најголемата дива река во Европа и е од витално значење за повеќе од 1.100 видови слатководни риби.

Актерот директно им се обраќа на лидерите на трите најголеми политички партии во земјата, како и до претседателот на републиката, Илир Мета.

Минатата недела, на Меѓународниот ден на водата, активисти ширум Европа ги повикаа албанската влада и Европската комисија да ја поддржат иницијативата реката Вјоса да стане национален парк. Реката Вјоса е најголемата дива река во Европа. Текот на реката е над 300 километри од изворот на планините во Грција до Јадранското Море. Реката е од витално значење и важна за повеќе од 1.100 видови слатководни риби и е од културно значење за луѓето во Албанија – апелира Ди Каприо во видеозапис.

Тој потсетува и на тоа дека Европскиот парламент ги повикал албанските власти „да го создадат Националниот парк Вјоса што е можно поскоро, проширувајќи го по целата должина на реката“.

Ди Каприо минатата година им се придружи на повиците упатени до властите на Босна и Херцеговина перманентно да се забрани изградбата на мини-хидроцентрали и така да се спречи уништувањето на реките и на животната средина во таа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.