Минатата недела се случила бизарна случка во Кикинда, Србија, кога лекар од Брза помош после интервенцијата ја прогласил за мртва И.К. (89). Кога ја подготвувале за погреб таа „се вратила од мртвите“.
Нејзиното семејство повикало погребник да ја подготви, а еден од роднините побарал тој да ги извади нејзините златни обетки. Кога погребникот го направил тоа, жената ги отворила очите и го погледнала, преплашувајќи го и него, но и сите присутни.
Откако е констатирано дека жената е жива, семејството повторно повикало итна помош, по што старицата била сместена во одделот за неврологија. Вчера, таа сепак починала.
Сличен случај ја потресе Кикинда и лани во мај, лекар на Итната помош вечерта ја прогласил 70-годишна жена за мртва, но во текот на ноќта таа почнала да дава знаци на живот, па утрото истиот лекар сега ја прогласил за жива. Бабата навистина починала, но дури шест месеци подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.