Припадниците на УКП вчера упаднале во кафуле на Нов Белград и со повиците „легни долу“, го уапсиле Александар Кајмаковиќ, наречен Аца Босанец. Кајмаковиќ, како што подоцна се дознава бил приведен во својство на граѓанин, како би дал изјава на околоностите на неговата поврзаност со Вељко Белилук, наречен Веља Невоља.

На снимката која ја објави Блиц се гледа како припадниците на УКП во сред бел ден упаѓаат во локал на Нов Белград, притрчуваат кон масата на која седи Кајмаковиќ, му ставаат лисици на рацете и го одведуваат.

Инаку Кајмаковиќ е сопственик на повеќе познати белградски ресторани и клубови на најексклузивни локации во Белгард. Тој е десна рака на Предраг Ранковиќ, наречен Пецони, сопственик на телевизијата Хепи.

Снимката од апсењето може да ја погледнете тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.