Судија од Окружниот суд во Загреб одредил притвор за 48-годишна жена која лажно се претставувала како лекар и земала пари од пациентите, но се претставувала и како медицинска сестра при што изнајмувала станови и не плаќала закупнина за нив.

Од загребското Обвинителство велат дека и е одреден притвор поради можноста да го повтори делото.

Според Обвинителството, 48-годишната жена од 4 септември лани се до 7 одој месец, лажно се претставувала како медицинска сестра и изнајмувала станови во Загреб во кој престојувала, а потоа си заминувала без да плаќа трошоци и сместување.

Исто така, постои сомневање дека лажно се претставила како лекар и договорила болнички третмани и дијагностички третмани, а земала пари од оштетените.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.