Работник од Србија загина во австриското место Фалстенау во покраината Салцбург, а како што пишуваат српските медиуми, станува збор за 48-годишниот Залтан Владиќ.
Владиќ бил еден од четворицата вработени во градежна фирма за одржување кровови и нивна задача било да се спречи рушењето на крововите откако ќе се отстрани снегот.
До трагедија дошло кога работниците со лопата го турнале снегот, кој создал лавина.
Владиќ паднал од висина од 6 метри и останал затрупан под снегот 15 минути додека не се појавила помош.
Со него бил и колега од Германија кој поминал неповреден, додека двајца работници од Сирија се здобиле со лесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.