Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку објава на Твитер го изрази своето задоволство што ја почнала балканската турнеја токму од Албанија.
По средбата со премиерот Еди Рама, Фон дер Лајен истакна дека нејзината порака е јасна и дека тоа „Иднината на Албанија е во ЕУ“.
Иднината на Албанија е во ЕУ и Европската комисија силно се придржува кон оваа определба. Со добар напредок во реформите во правосудството, Албанија постигна успех. Сега ЕУ мора да го стори истото – порача Фон дер Лајен.
По средбата со Рама во Палатата на бригадите, претседателката на ЕК, се сретна и со шефот на државата Илир Мета, во претседателската резиденција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.