Косовскиот премиер Албин Курти изјави вечерва дека не може да се дојде до Договор со Србија, ако нејзиниот пристап во преговорите е дека мора да добие нешто.

Коментирајќи ја пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека Србија исто така мора да добие нешто од Косово, Курти оцени оти тоа не може да биде почетна точка за решавање на проблемот.

Пристапот на Србија „и ние мораме да добиеме нешто“ нема да донесе договор. Тоа не може да биде почетна точка за решавање на проблемот. Не сме овде за да ги зголемиме апетитите, туку да ги залечиме раните – рече Курти.

Според него, Србија признала дека никогаш и не го немала Косово, туку го изгубила за време на режимот на Милошевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.