Новиот косовски премиер Албин Курти вели дека не може да има договор со Србија доколку ставот на српскиот претседател Александандар Вучиќ е дека и Белград треба да добие нешто.

Ние не сме тука за да компензираме апетити, туку да лечиме рани. Со еден таков однос не гледам дека можеме да постигнеме спогодба, туку заедно со западните држави можеме да создадеме контекст во кој може да се најде решение – рече Курти во синоќешното интервју за државната телевизија РТК.

Воедно, тој порача дека српската држава нема што да бара во Косово, кое, според него, Србија никогаш не го поседувала суштински, а дефинитивно го загубила за време на Слободан Милошевиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.