Имаме меѓусебно испреплетени судбини на Балканот, a Балканот не може да има мир ако не се третираат рамноправно Албанците каде и да живеат. Дури и кога немаме надворешни непријатели, ние знаеме да создадеме внатрешни непријатели како последица на криминалот и корупцијата што преовладува во нашата политика.
Со овие зборови им се обрати лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, на Албанците во Скопје за време на средбата оддржана вчера, на која што се појави интерес за многу теми што ги засегаат граѓаните на обете држави.
Јасно е дека напредокот во Западен Балкан е меѓусебно поврзан затоа што и нашите судбини се испреплетени. Поради трагична историја, албанскиот народ е поделен на неколку држави кои денес се соседни со Косово и Албанија и расеани низ целиот свет. Во таквите околности, судбината на Западен Балкан била и останува врзана за судбината на Албанците. Историјата во овие години покажа дека Балканот ќе биде подобар кога Албанците ќе бидат добро третирани, бидејќи на Балканот нема војна без Србија, но и нема мир без Албанците – рече Албин Курти, лидер на Самоопределување.
Пред обединувањето, Албанците треба да размислат за факторизирање, рече Курти, кој ги повика Албанците со косовско државјанство на 6 октомври да отпатуваат во Косово за да го поддржат Движењето Самоопределување.
Ова како што рече тој, ќе биде исто така ќе биде и поддршка за Албанците во Македонија, бидејќи Самоопределување во својата програма предвидува таква поддршка.
Што се однесува до прашањето за обединување на Албанците, ние сметаме дека е неопходно да ја имаме првата фаза за факторизација на Албанците. Албанците се најсиромашни, најневработени насекаде по границите кои неправедно нè делат. Албанците треба да се факторизираат, а пред сè и најважно е да им се помогне на Албанците кои се во полоша состојба што е можно побргу. Нашето доаѓање тука е чест за нас, а не за вас. Затоа што тоа го сметаме за обврска, да доаѓаме од Приштина и од Тирана во Скопје, затоа што Албанците од Македонија придонесоа за ослободување и независност и на Косово и на Албанија и останаа надвор и од двете. Вие ја плативте највисока цена, а не јас што сум бил во затвор – рече Курти.
Говорејќи за изборите во Косово и поддршката што ја очекува од Албанците во Македонија, лидерот на Самоопределување потсети дека во битните историски моменти Албанците од обете страни на границата си помагале едни на други, а овој пат како што рече тој, бара помош за да го спаси Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.