Косовскиот премиер Албин Курти следната недела ќе отпатува за Париз, каде што ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Како што соопшти косовската владина служба за информирање, тоа е договорено на средбата на Курти со политичката советничка за Балканот на францускиот претседател, Изабел Димон и амбасадорката на Франција во Косово, Мари-Кристин Бител.
Според соопштението, средбата била во функција на подготовка на првата средба на Курти со Макрон, а на неа станало збор и за неодамнешната посета на косовскиот премиер на Брисел и неговата средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тема на разговорите беше политичката ситуција во Косово, регионот и светот, доброто владеење во Косово, европските ингтеграции, како и билателарната соработка и продлабочувањето на односите меѓу Косово и Франција. Се разговараше и за последната посета на премиерот во Брисел и за новото поглавје на дијалогот со Србија – се вели во соопштението од кабинетот на Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.