Премиерот на Македонија Зоран Заев и други претставници на државите од регионот му се јавиле на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти да му честитаат за победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово на 6 октомври, но тоа не го сторил и албанскиот премиер Еди Рама, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на својата официјална страница на Фејсбук, Курти ги наведува имињата на тие кои му честитале и најавува дека како иден премиер ќе има „тесна соработка со соседските партнери и пријатели“.
Во изминатите две недели примив многу повици, пораки и писма со честитки за успехот на Движењето Самоопределување на изборите на 6 октомври. Од претседателот на Собранието на Албанија, Грамоз Ручи, премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Претседтелството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Генц Ниманбегај, поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ и многу други. Со тесна соработка со нашите соседни партнери и пријатели, ќе направиме голем чекор во нашиот развој и интеграции. Им благодарам на сите за честитките и изразената готовност за поддршка, напиша Курти.
За влошувањето на односите меѓу двајцата некогашни политички пријатели зборува и самиот Курти во интервјуа за косовските и албанските медиуми по изборната победа, при што нагласува дека тоа нема да се одрази врз добрите меѓудржавни односи на Република Албанија и Република Косово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.