Лидерот на косовското движење „Самоопределување“ и нов премиер на Косово, Албин Курти, на дискусија организирана од Фондацијата Отворено општество истакна дека косовската влада нема да брза да го продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Курти порача дека веднаш штом ќе ја преземе функцијата ќе ги разгледа документите и ќе утврди каде екс-премиерот Авдулах Хоти го оставал процесот на дијалог.

Морам да имам увид во тие документи затоа што не знам каде господинот Хоти го оставил процесот на оваа тема. Бидејќи минатиот пат кога влегов во канцеларијата папките беа празни. Треба да се подготвиме добро за дијалог и затоа не сум за да се избрза во овој процес. Подобро е да бидеме поскромни и пореални отколку да кажуваме големи и зборови. Немаме простор за идни неуспеси – рече Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.