Косовскиот премиер, Албин Курти во интервју за онлајн магазинот „Монокл“ изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија, но само ако таквиот референдум се спроведе мирно и на демократски начин.

Курти вели дека централниот дел од идната сеопфатна спогодба меѓу Косово и Србија треба да биде меѓусебно признавање.

Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Затоа можеме прво да имаме изјава во која нема да се напаѓаме едни со други. Исто така сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба оти таа мора да биде заснована врз духот на европските вредности, закони и поредок, демократизацијата и соочувањето со минатото – вели Курти.

Прашан за односите со поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг, вклучително и Хашим Тачи, Курти вели дека не е задоволен што на Тачи му се суди во Хаг и дека би сакал тој да се соочи со правдата во Косово за корупција.

Поранешниот претседател Тачи сакаше да ја монополизира историјата за лична добивка. Никогаш не сум го спорел неговиот придонес за време на војната, но потоа се случија некои работи и некои лидери на ОВК со политичката моќ почнаа да стекнуваат материјално богатство – вели Курти.

Според Курти, трајниот мир и стабилност во регионот е најбрз и најдобар пат за шесте земји од Западен Балкан заедно да се интегрираат во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.