Премиерот на Косово Аљбин Курти тврди дека лицата на барикадите на административните премини Јариње и Брњак ги плаќа Србија, како и дека некои од нив учествувале во обидот за тероризам за време на парламентарните избори во Црна Гора во 2016 година.

Некои од нив имаат досие за криминални активности во минатото, имаат екстремни погледи на политиката и светот. Некои од нив учествувале во обидот за државен удар во Црна Гора пред пет години -кажа Курти за Хрватската радио-телевизија.

Кажа дека Приштина „сè уште нема проблем со Србија“ и дека Косово не е проблем.

На прашањето дали смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ сака да предизвика меѓународен конфликт тој одговори дека поинаку не може да размислува.

На границата со Косово да го доведеш министерот за одбрана, заедно со рускиот амбасадор во Србија и аташето за безбедност на Руската Федерација во Белград. Истиот ден кога запалија зграда во Зубин Поток. Исто така, МиГ-29 кружи над Косово, хеликоптери од руско производство, па оклопни возила… Значи, тие дојдоа со воен арсенал на границата на нашата држава. Нашите специјални сили се таму, на Јариње и Брњак. Да не заборавиме, тие ден по прогласувањето на независноста на Косово на 18 февруари 2008 година ги запалија граничните премини Јариње и Брњак – додаде Курти.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека „Косово нема да биде држава додека Србија ја води нејзиниот претседател Александар Вучиќ“.

Знае (косовскиот премиер Аљбин) Курти дека нема да може со сила да ги протера Србите или неказнето да ги повтори злосторствата на УЧК, кажа Вулин во соопштение, „Бидејќи Курти во интервју за ХРТ повторно ја напаѓаше и навредуваше Србија и нејзиниот претседател“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.