Средбите на Движењето Самоопределување со Демократскиот сојуз на Косово се редовни и напредуваат и новата влада ќе биде формирана многу брзо, изјави лидерот на Самоопределување Албин Курти, по состанокот со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

Коха пренесува дека Курти истакнал дека приоритет на новата влада, во која тој ќе биде премиер, ќе биде владеење на правото, борбата против организираниот криминал и високата институционална корупција, за да се трасира патот за општествено-сицијалниот напредок на земјата.

Амбасадорот Коснет изрази интерес за напредокот во разговорите за формирање нова влада и желба институтиците што поскоро да бидат воспоставени, пренесе Косово онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.