Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти ќе допатуваат во Брисел за оваа нова рунда под медијаторство на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.
Предвидени се изјави за новинарите пред и по средбата, најавија од кабинетот на Борел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.