Премиерот на Косово, Албин Курти за време на говорот на Форумот во Преспа, го изрази своето разочарување од Европската Унија за нелиберализацијата на визите за Косово.
Курти, исто така, истакна дека е разочаран и од одлуката на ЕУ да не ги отвора преговорите со Македонија и Албанија, пренесува „Слободен печат“.
Косово го дели разочарувањето од одлуката на ЕУ да не ги отвори преговорите со Албанија и Македонија. Како земја на која и е одбиена визната либерализација, ние го разбираме вашето разочарување. ЕУ е бавна, нема единство, но сепак е нашата најдобра надеж и единствената алтернатива што ја имаме. Ние припаѓаме на овој регион. Западен Балкан е дел од Европа и ние сме соседни земји на земјите од ЕУ – изјави Курти.
Курти истакна дека земјите од Западен Балкан мора да работат за да станат членки на ЕУ. Според него, тоа може да се постигне само доколку балканските земји ја прифатат историската вистина и реалност.
Наместо да продолжиме да се чувствуваме фрустрирани со одлуките на ЕУ, треба да се запрашаме што треба да сториме за да стигнеме таму. Ако погледнеме во нас, гледаме дека имаме многу проблеми. Голем дел од одговорноста е на ЕУ, но ние исто така мора да ги завршиме домашните задачи. Дури и идејата на Нови Сад за „Мини Шенген“, иницијатива што нема визија за регионот и на која Република Косово силно се спротивставува, бидејќи таквата треба да биде отфрлена. Незадоволството од ЕУ не треба да се инструментализира од земјите кои не го сакаат НАТО и ја фаворизираат Русија – истакна Курти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.