Мандатарот за состав на новата косовска Влада, Албин Курти во обраќање преку социјалните мрежи ги повика сите македонски државјани кои се Албанци по националност да се самопопишат, а доколку имаат проблеми со апликацијата најави формирање на центри за помош во дијаспората.

Во видеото, Курти го објаснува процесот на пријавување на апликацијата и додава дека потребни се десетина минути за одредено лице да се регистрира. На тој начин, според него Албанците ќе ги задржат правата кои ги имаат во земјава, но и ќе добијат дополнителни буџетски средства.

Бидејќи сегашниот устав, политичките права на граѓаните на Македонија ги диктира согласно бројките, регистрацијата на пописот на секој граѓанин е од огромна важност. Тоа значи дека политичката репрезентација, капиталните инвестиции, вработувањето, дистрибуцијата на буџетот, стипендиите, донациите за општините итн. зависат точно од бројот на граѓани на двете заедници кои ја формираат Македонија. Внесете го вашето име и одберете ја опцијата: Албанец. Од наша страна, ќе воспоставиме центри на движењето Самоопределување на дијаспората за да им служиме на граѓаните на Македонија за да им помогнат во процесот на регистрација преку Интернет, вели во видео пораката Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.