Во писмото до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кое го објави владината служба за информирање, косовскиот премиер Албин Курти вели дека брзата реакција на хрватските власти во пружањето лекарска нега на повредените и грижата за другите патници од превртениот косовски автобус „ги одразува највискоите вредности и племенитото срце на хрватскиот народ”.
– Вашето самопожртвувано залагање и на институциите на Вашата држава за да им ја пружите сета потребна грижа на нашите сонародници ги допре длабоко нашите срца. Народот и Владата на Република Косово никогаш нема да го заборават овој чин на хуманост и солидарност со нашата трагедија. Со најголема почит, ве уверуваме дека Република Косово секогаш ќе ги има срцето и вратата отворени за пријателите како вас – се вели во писмото на Курти до Пленковиќ.
Автобус со косовски регистерски таблички кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина и пренесуваше Косовари кои се на печалба во Германија, минатата недела на 25 јули околу шест часот наутро излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што загинаа 10 лица, а повеќе од 40 беа повредени. На возачот на автобусот, за кој се претпоставува дека заспал додека возел, хрватските власти му одредија 30-дневен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.