Дејан Станковиќ, сопруг на настраданата Даниела Станковиќ(48) вели дека неговата сопруга со кобниот автобус кој го преполови воз, одела секој ден на работа во Апелациониот суд, веќе 10 години.
Главно одеше со автобус на работа. Некогаш ја возеше сосетката, некогаш одеше со автомобил. Навикна да оди со колешката Наташа, со тој автобус – ја почнува својата исповед скрешниот сопруг.
Како што вели, тоа кобно утро, неговата сопруга застанала и се премислувала дали сепак да тргне со автобус.
Кога тргна тоа утро, застана на терасата и рече: Деки, што мислиш да одам со автомобил со сосетката Билјана. И реков да оди и уште ја прашав дали сака јас да ја одвезам. Но сепак реши да оди со автобусот, бидејќи не сакаше да ја чека сосетката, а ниту мене да ме тера да ја возам по поледицата – вели Дејан.
Кога слушнал за несреќата, веднаш отишол на местото каде што таа се случила.
Кога не го најдов нејзиното име на списокот на повредени и преживеани, отидов во капела. И што да видам. Подобро да не видев. Даниела седела на местото каде што удрил возот. Голем камен имаше во нејзината глава. На лице место, под возот загинала. Лицето не можеше да и се препознае – едвај зборувал Дејан.
Тој сопругата ја препознал по обетките и капутот.
Во петокот навечер требаше да оди на новогодишна прослава со колегите, но се откажа поради алергија. Се чуваше за роденденот на внука и од Германија. Купи син фустан кој планираше да го облече. Ќе ја погребеме во него – рекол сопругот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.