Центарот на Белград и вечерва е блокиран, демострантите се упатија кон Собранието.
Опозициската партија Сојуз за Србија го започна денешниот протест во Белград, со барање за преодна влада и нов кризен штаб. Протести се одржуваат и во Нови Сад. Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското собрание.
Неколку десетици полицајци се распоредени во близина на зградата на РТС. Иако најавуваше полициски час викендов претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешното обраќање ја повлече одлуката и најави дека сепак конечниот збор ќе го даде кризниот штаб на утрешната седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.