Сараевската полиција ги уапсила 23-годишниот А.И. и 19-годишниот А.Ш. поради сомнение дека го убиле Амар Капиџиќ во населбата Соколовиќ Колонија, додека третото лице по кое се трагало извршило самоубиство.
Капаџиќ бил член на одбојкарскиот клуб Илиџа.
Од МВР од Кантонот Сараево рекле дека А.И. и А.Ш. се уапсени синоќа на подрачјето на Кантонот, а дека 29-годишниот А.К. извршил самоубиство на подрачјето на Коњица.
Во пукањето кое се случило синоќа убиен е Амар Капаџиќ пред својата семејна куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.