Кризниот штаб прекрши, од утре во Србија се ќе биде затворено како што беше случај со претходните викенди, неофицијално дознаваат српските медиуми.
Овојпат затварањето ќе важи и за време на работната недела, попрецизно од утре, вклучувајќи го и претстојниот викенд. Тоа значи дека освен прехрамбените продавници и аптеки, ништо друго нема да работи.
Медицинскиот дел од Кризниот штаб последните неколку заседавања бара заклучување од 10 до 14 дена, додека членовите на Владата се против тоа.
Иако премиерката Ана Брнабиќ најави дека ќе дојде до заострување на мерките, засега нема прецизни информации кои се, ама се претпоставува дека ќе има компромис меѓу струката и ставот на економско-политичкиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.