Новоизбраниот Премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави дека претседателот Мило Ѓукановиќ не дозволува мирна транзиција на власта и продолжува на долг рок да се однесува како Црна Гора да е негов феудален имот.

Кривокапиќ изјави дека одлуката на Ѓукановиќ да врати неколку закони, донесени на седницата на 29 декември минатата година, во Собранието за повторно разгледување, покажува како функционира процесот на соживот во пракса.

Кривокапиќ на Твитер напиша дека, покрај кршењето на Уставот, законите на Црна Гора, Ѓукановиќ си игра со граѓаните, нивниот имот и права кои произлегуваат од Уставот.

Со удари во банкарскиот сектор и малите бизнисмени, претседателот на Црна Гора ни кажува дека не се грижи за државата, ако тој не е нејзин сопственик – вели Кривокапиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.