Полицијата од Задар поднесе кривична постапка против ученик на возраст од 15 години, кој се сомничи дека физички малтретирал негова соученичка. Тој со запалка ѝ жигосал буква „У“ на раката, а на друго момче на вратот. Сите овие инциденти се случиле за време на наставата.
На ова претходеле и други инциденти. Пред да ја жигоса, ученикот ѝ се заканил на соученичката дека ако не му даде пари, ќе ѝ ја запали јакната. Дури и откако му дала 10 куни, тој ја запалил јакната. Најпрво се обидел да ја жигоса на лицето, но откако не успеал, ја изгорел на раката.
Сега имаш тетоважа и можеш да се пофалиш дека си усташка, ѝ рекол тој по жигосувањето.
Директорот на училиштето смета дека се работи за детска игра и дека медиумите непотребно направиле сензација од настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.