Автомобил во кој се превезувале 12 нелегални мигранти, управувано од 25-годишен странски државјанин, во близина на Солун, удрил во друго возило што резултатирало со загуба на животот на 64-годишен Грк, возач на вториот автомобил, соопштија од грчката полиција.
Сообраќајната несреќа се случила вчера наутро, откако криумчарот, кој според медиумите во Грција, е од Молдавија, поминал на црвено и удрил во другото возило.
25 годишникот бил уапсен, а мигрантите биле пренесени во болница.
Од судирот била нанесена штета и на трето возило кое било на истата улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.