Во последните 24 часа се забележани 1.165 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2 и бројот на активни случаи во Хрватска денеска достигна вкупно 14.734, јави хрватскиот кризен штаб.

Меѓу нив 1.127 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 94 пациенти.

Починаа 32 лица.

Најголем дел од новозаразените се во Загреб – 922.

Во главниот град исто така тестирани се позитивни и 126 медицински работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.