Осумнаесет годишне девојка на Крит паднала во морето додека се обидувала да ја фати торбата која и паднала во вода.
Брегот бил со камења и лизгав, па тинејџерката паднала во вода, а потоа ја одвлекле силните струи и бранови.
Повеќе од 12 часа поминала во вода борејќи се со силните бранови.
Двајца рибари случајно слушнале повици за помош. Биле оддалечени од брегот, го изгаснале моторот и почнале да ловат риба кога слушнале глас како вика „мамо, мамо“.
Беше тешко да се воочи глава во темното море“ рекол еден од рибарите.
Звукот на моторот на чамецот го отежнуваше следењето, па го гасев на секои 10 секунди , а кога го слушнав гласот полека тргнав кон него, внимавав да не ја повредам со пропелерот“ рекол рибарот.
Ја барале 15 минути, а кога конечно ја виделе веднаш ја извадиле од морето.
Девојката која се уште била во шок била пренесена во болница цо Агиос Николаос. Нејзините росители тој ден ги алармирале и властите и го пријавиле незиното изчезнување.
Спасување човечки живот е најдрагоцена работа. Се се случува со прилина, имаше низа околности кои ме доведоа да рибарам баш во тоа подрачје“ рекол еден од рибарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.