Американскиот дипломат Кристофер Хил е номиниран за нов амбасадор на САД во Србија, потврдено е на веб -страницата на Белата куќа. Тој е номиниран од американскиот претседател Џо Бајден. Новиот американски амбасадор е запознаен со регионалните прашања, бидејќи тој му беше заменик на Ричард Холбрук, главниот американски преговарач за време на мировните преговори во Дејтон, со што заврши војната во Босна и Херцеговина.
Во декември минатата година, на конференцијата „Наследството на мирот – 25 години мировен договор Дејтон -Париз“, тој посочи дека Дејтон, чија цел беше да ја запре војната, резултираше со некои политички решенија кои не функционираат. Тој беше и специјален пратеник на Соединетите држави за Косово. Тој, исто така, беше амбасадор на Соединетите држави во Ирак, Јужна Кореја, Полска, Македонија и кратко време во Албанија. Кристофер Хил ќе го замени Ентони Годфри, кој беше амбасадор во Белград од ноември 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.