Припадниците на криминалната група предводен од Вељко Беливук, во претходните две години купиле биткоини за повеќе од пет милиони евра, покажуваат најновите оперативни наоди од истрагата.
Како што објавуваат српските медиуми, на овие пари е речиси невозможно да им се влезе во трага и да бидат најдени и запленете, затоа што крипто-валутите може да се купуваат и продаваат само со посебни кодови познати само на сопственикот. Покрај тоа, вредноста на биткоинот се зголеми седум пати само од минатата година, така што и инвестициите на Беливук се зголемиза за толкав процент.
Извор близок на истрагата открива дека еден сериозен програмер бил меѓу 20-те членови на бандата на Веља Невоља, кои беа уапсени на 4 февруари.
Тој млад човек му помогна на Беливук во набавката на шифрираната апликација „Скај“, преку која членовите на бандата комуницираа и испраќаа снимки од тортурите и касапењето на жртвите. Полицијата има сомневања дека програмерот му помогнал на Веља да сокрие значителен дел од парите од криминалот со купување криптовалути преку шифрирани и тајни податоци. Се проценува дека на тој начин биле скриени најмалку пет милиони евра – објаснува изворот и додава дека тоа е само мал дел од парите што бандата на Беливук ги заработила од продажба на дрога, рекет и други злосторства.
Изворот додава дека се верува оти голема количина пари биле закопани на тајни локации низ цела Србија, а веројатно станува збор за најмалку десетици милиони евра.
Адвокатот Александар Милосављевиќ, поранешен заменик во Обвинителството за високотехнолошки криминал на Србија, објаснува дека примарниот интерес за купување криптовалути е токму „неможноста да се следи потеклото на парите“.
Друг, не помалку важен, мотив е можноста за плаќање со криптовалути без да се провери потеклото. Фактот дека вредноста на овие криптовалути расте вртоглаво е само бонус во сето тоа – вели Милосавjeевиќ.
Полицијата во соработка со БИА, по неколкумесечно следење, на 4 февруари ги уапси водачот на навивачката група на Партизан „Принципи“, Вељко Беливук (35) и Марко Миjковиќ Марет (29), како и 20 нивни најблиски соработниц.
Беливук и неговата банда се обвинети за повеќе убиства, изнуда, рекет, трговија со дрога и осакатување на жртвите – сечење на делови од телото, мелење на жртвите во машина за мелење месо, прскање со отровна киселина на живи тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.