По апсењето на режисерот Мирослав Мика Алексиќ, под сомнение дека сексуално злоупотребувал и вознемирувал ученички во неговата школа за глума, првпат во јавноста се огласи и неговата сопруга, Билјана Машиќ, професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Ќе биде што ќе биде. Немам коментар, рекла таа кратко за српски „Курир“.

Младата актерка Милена Радуловиќ, која е една од оние што го пријавија Алексиќ за силување и која прва во јавност го откри овој случај на децениска злоупотреба, во 2017 година дипломирала во класата токму на Машиќ, и тоа како најдобар студент во генерацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.