Сретен Јоциќ, попознат како Јоца Амстердам по 1 години првпат излезе на слобода. Тој е осуден на 13 години затвор поради убистовото на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ и за шверц на дрога.

Но бидејќи отслужи поголем дел од казната, кралот на српското подземје доби право на слободен викенд.

Јоца не можеше да се одвои од својот внук кој го гледа првпат во животот.Семејството го пречека Сретен пред затворот „Забела“ кај Пожаревац и заминаа во непознат правец.

Од фотографиите може да се забележи дека Јоца кој сега има 59 години е видно остарен и со побелена коса.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.