Словенечкото списание „Во Фокус“ објави крајно критичен осврт на начинот на кој Македонија се справува со корона вирусот. Во него техничката Влада на партијата СДСМ се оценува како крајно неспособна да се справи со епидемијата ниту пак да ја заштити економијата од ударот на кризата.
Поранешната Владата на СДСМ, сега техничката Влада на СДСМ тоне во калта на сопствената неспособност пред очите на граѓаните. Во време кога соседните држави се трудат да обезбедат помош за своите економии, кои се соочени со криза, техничката Влада на СДСМ целосно ги запостави и ги остави на цедило малите и средни претпријатија кои пропаѓаат. Додека другите држави од регионот подготвуваат огромни стимулативни кризни пакети за да си ја одржат економијата во живот, СДСМ се грижи само за својата олигархија и за нејзините интереси. Ги отфрлаат предлозите на опозицијата да се помогнат одделните сегменти на економијата, како што е на пример транспортот, од кој буквално зависи преживувањето на населението. Па дури, колку полошо и оди на државата, толку тие се прават по-горди на својата непопустливост, пишува „Во Фокус“, додавајќи дека 140.000 граѓани се оставени без работа, а дека владејачката партија СДСМ на тоа одговара со делење „хуманитарна помош“ само на своите партиски членови.
Списанието пишува дека поради високата стапка на корупција во здравството Македонија била оставена со само 200 тестови за корона вирусот во првите две недели од епидемијата, при што јавното здравство мораше да се потпре на приватна болница за помош.
Луѓе умираа додека да бидат донесени до главната инфективна клиника, а бројот на новозаболени дневно се искачи до троцифрен. Два големи града со вкупно 200.000 жители, Прилеп и Куманово, имаат експоненцијален раст на бројот на заболени, но место да се прогласи кризна состојба, властите расправаа кој е надлежен за тоа прашање. Во случаи кога други фактори, кои не се дел од власта, како опозицискиот водач Христијан Мицкоски, обезбедија помош од Словенија или од Унгарија, властите велеа дека со тоа се нарушуваат службените канали за добивање помош и безмалку обвинија за надворешно мешање во сувереноста на земјата, пишува „Во Фокус“. Притоа на граѓаните кои мораат да се вратат дома од странство „им беа наплаќани по 300 евра за превоз кој наликува на фирмата Крстиќ и син“ од филмот „Кој тоа таму пее“.
Во целата оваа криза, списанието пренесува фотографии од бизарната моторџиска колона на поранешниот премиер Зоран Заев по неговото пуштање од карантин каде беше сместен поради контакт со заболен новинар, при што Заев е опишан како „главна ѕвезда“ на оваа апсурдна состојба во Македонија.
Заев отиде „да се издува“ со својата тајфа моторџии и со државното обезбедување на тура низ источна Македонија, со што во лице им се потсмеваше на граѓаните кои се во изолација и кои ги почитуваат наредбите кои стапија на сила. Целата држава е во 85 часовна изолација за Велигден, почнувајќи од петокот во 4 попладне до вторникот во 5 наутро, а вкупната бројка на пациенти заразени со ковид-19 изнесува 1.170. За жал, постои потенцијална опасност за нови, големи жаришта, и невозможно е да се одговори на прашањето кога може да се очекува епидемијата да забави, имајќи ги предвид погоре посочените состојби во земјата и политичката клима, пишува „Во Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.