На седницата на Кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирус, беше одлучено во Србија од сабота да се воведат ковид-пропусници за влез во сите угостителски објекти од затворен тип, но само после 22 часот.

Премиерката Ана Брнабиќ после седницата на Кризниот штаб изјави дека епидемиолошката ситуација е катастрофална, не се смирува, и поради тоа од сабота од 22 часот ќе стапи на сила мерката за задолжително приложување на ковид-пропусница при влез во сите угостителски објекти кои имаат затворен простор.

Ова важи за сите угостителски објекти и ковид-пропусниците ќе бидат задолжителни во рестораните, кафулињата, баровите и сите слични објекти по 22 часот од сабота, 23 октомври, така што нема да можете да бидете во затворени простории без валидна ковид-пропусница, рече Брнабиќ на прес-конференција по седницата на Кризниот штаб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.