Еден 82-годишен пациент во болницата „Ковид“ во Клиниката за рехабилитација на Клиничкиот центар Ниш нападна медицинска сестра, потврди српскиот министер за здравство Златибор Лончар на прес-конференција на Кризниот штаб.

Тој посочи дека ваквите работи се недопуштени и не смеат да се повторат, и дека работниците се херои кои се ставени на располагање на сите нас.

Инцидентот бил пријавен на 30 јули, а полицијата веднаш отишла на местото на настанот и го известила Основното јавно обвинителство во Ниш.

Според полицијата, имало физички конфликт помеѓу медицинската сестра и пациентот, роден во 1938 година.

“Точно е дека здравствен работник бил нападнат на  работно место. Тоа е неприфатлив чин во ситуација кога медицинскиот персонал низ целата земја ги ризикува своите животи и здравјето да им помогне на болните од„ Ковид-19 “, велат од оваа здравствена установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.