Словенија бележи нов рекорд на новозаболени со ковид-19 и покрај новите преземени мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Земјата по втор ден пријавува над 300 позитивни случаи, поточно 362 за последните 24 часа, што е незначително помалку од рекордните 387 во средата – рече утрово Јелко Кацин, портпарол на Владата во Љубљана.
Во Словенија од денеска на сила е забрана за собири на повеќе од десет лица во јавни и во приватни простории, Продавниците, поштите и јавните уреди мора да осигураат дека ќе нема повеќе од едно лице на 20 кватратни метри, воведени се ограничувања за работа на кафулињата и на рестораните каде гостите ќе може да се послужуваат само на маса со обезбедување на потребното растојание додека забранети се приеми на кои се служи храна и пијалок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.