Косовските Власти јавија дека во Приштина отпочнаа акција »Челичен прстен«, која подразбира блокада на патните правци, како и контрола на возилата и лица, а полицијата е распоредена и на сите алтернативни патишта, пренесуваат спрските медиуми.

Српски Телеграф пренесува дека Косовските полициски сили повлекле дел од пограничните единици на премините кон Македонија и Албанија и дека тие припадници сега се распоредени на северот на Косово.

Според белградксите медиуми КПС ќе имат само една задача, а тоа е блокада на алтернативните патишта кои водат од централна Србија кон северот на Косово.
Порталот наведува дека акцијата се поврзува, дури и со тајните списоци за „влијателни Срби“, против кои се подготвуваат обвиненија.

Неименуван извор за „Ало“ наведува дека косовската полиција го применува оперативниот план „челичен прстен“ со цел заплашување на Србите, кој подразбира блокада на патните правци по кои граѓаните се движат, како и контрола на воизила и лица.

Критичарите на промената на границите во прв ред стравуваат од домино-ефект во регионот. Ако се даде согласност за промена на граници според етнички принцип во Косово, може да се доведат во прашање граници во други земји, на пример во БиХ, Македонија и Црна Гора.

Доколку се постави прашање за припојување на одредени општини од југот на Србија кон Косово, тогаш би морал да се направи далеку поширок договор, смета политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ.
„Мислам дека тогаш и Србија би барала да добие повеќе од северот на Косово, и тоа би значело целосна поделба на Косово, вклучувајќи ги тука и средините во кои Србите беа мнозинство до 1999 година. Во тој случај би морало да се постави и прашањето за Република Српска, што би значело нов договор за границите на Балканот“, смета Анѓелковиќ.
Меѓу жестоките противници на идејата е и пратеничката од Партијата на зелените и претседателка на пратеничката група на Зелените во ЕП, Ребека Хармс. Реализацијата на ваков предлог, смета таа, би довела до неминовно отворање и заострување токму на оние линии на судири во Западен Балкан, кои се познати со години. „Тоа претставува повторно разгорување на старите огнови на националистички судири. Со тоа на Балкан повторно би се отворила Пандорината кутија“, предупредува Хармс.

И Игор Шолтес е свесен за ризикот, но нагласува дека во секоја земја постои различна ситуација и секој проблем мора да се гледа одвоено. „Ако постојат две страни кои сакаат договор, во согласност со сите релевантни институции, е сосема поинаква ситуација отколку ако желба постои само на една страна, без оглед дали е во прашање отцепување или промена на граници“, вели Шолтес.

 

извор: магазин.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.