Србите на северниот дел на Косово и Метохија на браната на езерото Газивода и на Брњачки мост, на патото од Белград кон Приштина, поставија големи транспаренти со кои испратија порака со благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп.

Како причина за тоа ги наведоа заложбите на Трамп во борбата за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Србија и Косово.

На мостот осамна транспарент со порака на англиски „претседателе Трамп, косовските Срби ви се благодарни за тоа што носите мир“, додека, пак, пораката на браната на езерото Газивода  гласи „Езеро Трамп“.

Една од точките на договорот на страните потписнички на документот е да работат на студија во насока на заедничко користење на езерото Газивода како извор за снабдување со вода и енергија.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.