Хашим Тачи поднесе во Парламентот предлог резолуција за барањето на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа за припојување кон Косово.

Во три точки Тачи предлага да се усвои резолуцијата во која се предвидува, легитимните барања на Албанците од овие три српски општини да бидат дел од дијалогот на Белград и Приштина, а претставниците на нивните политички партии дел од тимот за дијалог.

Тачи смета дека нивното прашање треба да се постави на секој меѓународен форум на кој учествуваат претставници на Косово и дека приштинските институции во соработка и координација со институциите на Албанија треба заедно да усвојат платформа за Албанците во Прешевската долина.

Приштинска Коха пишува дека со предлогот Тачи од пратениците побарал да ја почитуваат политичката волја на Албанците изразена на референдумот во 1992 за припојување кон Косово, потврдена со борбата на таканаречената ослободетлна војска за Прешево, Медвеѓа и Бујановац.

Косовскиот парламент ја заврши вонредната седница за правата на Албанците кои живеат во трите општини на југот на Србија, Прешево, Бујановац и Медвеѓа, а за резолуцијата во 13 точки не се гласаше поради недостиг од кворум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.