Две недели откако му беше дијагностициран Ковид-19, косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска имаше негативен тест, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста за приштинските медиуми ја потврдија извори од Владата на Косово, наведувајќи дека премиерот денеска се појавил на работа во својата канцеларија.
На почетокот на месецов Хоти објави дека имал позитивен тест на коронавирус и најави дека ќе се самоизолира и работните обврски ќе ги извршува од неговиот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.