Правото на глас денеска во Тирана го оствари и косовскиот премиер Албин Курти, кој денешниот ден го нарече ден на демократијата и посака убави денови и благосостојба за Албанија.

Денеска е ден на демократијата. Ги повикувам сите граѓани да ја почитуваат татковината, со гласање и да го направат најдобриот избор според принципите и вредностите што ги имаат сите. Денот е убав. Така ќе биде до вечерва. Ви посакувам убави денови и благосостојба на Албанија и на секој човек кој, исто како мене, има албански пасош , рече Курти.

Од огранокот на неговата партија во Албанија, на овие избори се тројца кандидати, кои се тркаат како независни во Тирана, Лежа и Ѓирокастро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.