Сега е време во вториот круг во името на унапредувањето на нивниот статус во уставната рамка, Албанците да се здружат во поддршка на тој кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република Македонија.
Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава- ваква порака сподели на Фејсбук, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли.
Повикувањето на Албанците во Македонија да го дадат својот глас за одреден претседателски кандидат претставува своевидно мешање во претседателските избори во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.