Владата во Приштина на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години.

Ние го спроведуваме барањето на Собранието, барањето беше Владата да ги забрани сите видови коцкање на период од 10 години, како и сите игри на среќа, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Следно е одлуката за 30 дена да биде доставена до Собранието, по што ќе следи усвојување и стапување во сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.