Вонредната состојба на Косово поради недостигот на струја предизвикува земјата да увезува огромни количества енергија што може да го загрози снабдувањето со струја во цела Европа, предупредува Европската мрежа на оператори на преносниот систем (ENTSO-E).
Ситуацијата на Косово е посебно драматична поради ниското ниво на домашно производство, техничките проблеми и студеното време, што предизвикало прекин на производството во електроцентралите.
Парламентот на Косово прогласи вонредна состојба, со што го прифати предлогот на владата за воведување вонредни мерки, со кои ќе треба да се изнајдат решенија за справување со енергетската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.