Владата на Косово одобри нови мерки против Ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.

На седницата на Владата, премиерот Албин Курти соопштил дека институциите се должни да ги заострат мерките за да спречат понатамошно ширење на вирусот.

Според новите мерки, угостителските објекти ќе работат со скратено работно време, односно до 22,30 часот и тоа само на отворено, а почетокот на новата учебна година се одложува за 13 септември.

Граѓаните што влегуваат во Косово ќе треба да достават доказ за вакцинација, ПЦР тест направен во последните 72 часа или серолошки тест направен во последните 30 дена, без оглед на националноста. Во спротивно, тие ќе мора да бидат во изолација седум дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.